Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со ЗЗ да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните.

Ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат, се обидоа да го лажат народот, дека немале време за интонирање на македонската химна, да не му биде незгодно на новиот пријател на Зоран Заев во неговата земја, оној Зоран Заев кој не убедуваше дека го зајакнал идентитетот. Истиот кој се срамеше да одговори на кој јазик зборуваат жителите на северна Грција, се срамеше да каже дека тоа се Македонци кои зборуваат македонски јазик, пеат македонски песни и играат македонски ора, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, со професорката Гордана Сиљановска Давкова, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.

Ветуваа правда, ветуваа мир, а пекол направија, затоа што после две години секој граѓанин на Република Македонија денеска знае дека всушност ниту правда било во прашање, ниту мир, ниту живот туку пусти пари биле во прашање. Но затоа ние денеска треба ова неправда да ја победиме со правдата која што ќе ја донесе идната претседателка, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, нагласи Мицкоски.
Тој посочи дека насекаде имало само неправди, на земјоделците им ветувале загарантиран откуп, субвенции, помош, а сега во Ресен се сечат дрвата затоа што еден килограм јаболка е еден денар, Пелагонија е ненабрана, оризот во Кочани скапува во амбарите затоа што нема кој да го откупи, а во Пијанец и Малешевијата се истураше родот, а истото и во Росоман со праските. Додаде дека неправди нанесоа и на младите на кои им ветуваа работа, а денес ако не сте роднина на Мира Дизел, тешко дека работа ќе најдете.
Играа на човечки судбини, се сеќавате истиот тој Зоран Заев кога велеше и си играше со судбината на трагично починатиот Никола Младенов, со Мартин Нешковски, со родителите на децата од Смилковско кога велеше дека ја знаел вистината, за да денес кога премиер да рече дека тоа не го кажувал, истакна Мицкоски.
Тој потенцираше дека било неправда тоа што Зоран Заев се колнел во жицата, во предците, во дедовината и татковината, дека нема да се откаже од идентитетот но кога дојде на власт, наместо тоа да го направи, тој го направил спротивното, се откажал од идентитетот и тоа е единствената работа која ја направиле откако се на власт.

Кога бев во Струмица го прашав, се сеќаваш ли на Пецев, на Белев, на Јарамов, Топчев, на Костуранов, се сеќавате ли на струмичките4 студенти? Тие своите животи ги оставија за оваа за кое што Зоран Заев и врхушката на СДСМ денеска тргува. А зошто? Одговорот е едноставен за пусти пари, тоа е одговорот на ова денешно секојдневие, нагласи Мицкоски.
Тој потенцираше дека крајот бил блиску затоа што изборот е едноставен, од една страна го имаме Стево Пендаровски поддржан од сите политичари од транзицијата кои урнаа илјадници човечки судбини, а од друга страна епрофесорката Гордана Сиљановска Давкова, бескомпромисен борец, кој секогаш е на страната на правото, правдината Уставот и Законите.
Гордана Сиљановска Давкова со својот личен, домашен, но и меѓународен интегритет и професионален идентитет и тимот на врвни експерти има јасен план како да се врати правото и правната држава, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски на крајот уште еднаш ги повика жителите на Општина Кратово да ја поддржат професорката Силјановска Давкова на 21-ви април и на 5-ти мај, затоа што голема победа на овие избори ќе ја отвореле вратата за предвремени парламентарни избори на кои Зоран Заев и СДСМ ќе заминат во политичката историја, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.