Нема дилеми, Зоран Заев е подготвен на се’ за да си обезбеди каков-таков политички спас и помал пораз на изборите, вели во интервју за Курир претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Им порачува на СДСМ и на нивниот лидер дека се политички готови, но апелира и до граѓаните да не потпаѓаат на пропагандата од кујната на владејачката партија која секогаш се засилува сразмерно со губењето на позициите и гласовите.
Признава дека се плаши, но само и единствено за животите на граѓаните кои би ги ризикувале со избрзани избори стокмени по ќефот на Заев.
Mожам да кажам дека не само што не чувствувам страв од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, туку сум сигурен дека Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи и нив и нивната коалиција на парламентарните избори, кога и да се случат, заедно со сето нивно обвинителство, со сето нивно судство, со целиот притисок кој што го прават и врз граѓаните и врз институциите, со сите оние злоупотреби, куферчиња, обиди за поткуп и тука нема никаков проблем. Тоа треба на сите да им е кристално јасно-вели Мицкоски во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.