Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев може да понуди само три работи, објасни денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Првата работа овој обид за поткуп кој што го правеа изминатиов период, а кој што кулминираше со првите три месеци од 2020 година надевајќи се дека на тој начин граѓаните во нашата држава ќе го заборават сето она понижување, сиот оној срам, криминал и корупција изминативе три години кои што ги предводеше СДСМ и Зоран Заев. Е, на тој начин мислеа дека ќе ја купат поддршката на вас, на македонските граѓани. Втората работа, која што ќе ја понудат и која што ја нудат е Луј Витон обвинителството и трас – трас судството преку закани и уцени и да се добие глас повеќе, преку закани и уцени да се отргне гласач повеќе кој што го чувствуваат дека ќе го даде глас за опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И третата работа која што ова раководство на СДСМ и Зоран Заев може да ви ја понудат е грабеж, грабеж онаков каков што беше прикажан на денешната прес конференција.

Тој убедува дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со десетици бил рекол стотици експерти од земјава и странство работат на изготвување на сериозен план кој што ќе ја врати Македонија повторно на победничките патеки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.