На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе мора да ја понесе секој политичар кој се огрешил пред законот во Република Македонија.
Мицкоски вели дека Зоран Заев е човекот кој ја опустоши и понижи Република Македонија. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо нема направено за државата. Исто така Мицкоски потенцираше дека тоа што Зоран Заев го има во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, кажува за Зоран Заев и неговата криминогеност и тоа е слика која што народот има право да ја знае.
“Не се тревожете премногу околу тоа дали некому сте ноќна мора или не. Мене не сте ми сигурно. И јас баш би сакал да се видиме и после изборите на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш ќе се видиме на едно друго место каде што Вие ќе мора да ја докажувате вашата невиност”, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.