Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на претпоследниот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори од Крива Паланка порача дека граѓаните не се задоволни од секојдневието и од политичкото мочуриште.

Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сè уште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што они го нарекуваа режим. Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина – рече Мицкоски.

Тој додаде дека СДСМ ја однесле државата на дното и ја претвориле во хибриден режим.

На скалата на ‘Транспарентност Интернационал’ по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа. Ние какао ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда, зборувавме за нашиот проект ‘Обнова’ кој е испишан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција – рече Мицкоски.

Тој смета дека имале што да понудата и имале успешна кампања, а ценат дека поддршката од страна на граѓаните ќе биде за нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.