Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на Телевизија 24 истакна дека додека Заев и СДСМ ја ограбуваат Македонија, а за Заев да се забавува се затвораа цели планини, тие сега ја замајуваат јавноста со монтираната снимка од теретаната.
Кога станува збор за теретаната еве ја користам оваа прилика, господинот надлежен на скопското обвинителство да излезе, бидејќи му се доставени сите докази, поврзани со случајот теретана да излезе и да каже дали е тоа вистина или монтажа. Ако е вистина јас сум подготвен да сносам последици, ако е лага очекувам да се извинат, почнувајќи од заменичкиот технички министер па се до Заев. Снимката е од октомври 2019, еве јавниот обвинител уште веднаш нека излезе и нека одговори. За кафаната згрешив, и признав реков луѓе еве погрешив, не сум како господинот Заев. За вас планини се затвораат, државни патни правци затвораа, ја опљачкавте државата и вие мене ми кажувате за теретаната, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека суштинската разлика помеѓу него и Зоран Заев, помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што ВМРО-ДПМНЕ во време на криза не излезе да ја цинкари државата, туку се понуди да помогне.
Донесовме авиони помош, кога таа беше потребна, последниот мој апел беше да се повикаат медицински стручни лица од пријателска Словенија, истакна Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.