Денеска беше потпишан договорот на Коалицијата за обнова на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:
Има две основни одлики за Заев и неговата власт. Тие се неспособни и потопени во криминал. Овие две работи ја туркаат Македонија во погрешна насока. Решението е на 12 април. И ова е шанса за промена која им припаѓа на сите Македонци. Денес, 11 март е последниот ден за пријавување на гласачи во дијаспората на Македонија за гласање на претстојните предвремени избори. Апелирам на што можна поголема излезност за да на 12ти го испорачаме одговорот за неспособната и криминалната власт. Денес е шансата на државјаните на Република Македонија ширум светот да го искажат својот став и да го казнат Зоран Заев за неговите погубни политики. Пријавувањето е едниот чекор, вториот е испорачување на одлуката за промена на 12 април, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.