Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред жителите на Аеродром рече дека премиерот Зоран Заев се фалел како го заштитил идентитетот на држвата, а всушност тој пред премиерот на Грција Алексис Ципрас се срамел да ја интонира македонската химна, за подоцна и да признае дека тоа го направил се со цел да не ги наруши пријателските односи со јужниот сосед.
Јас денеска овде во Аеродром би сакал да зборувам за тоа како Зоран Заев го Заштитил идентитетот со арматура. Само неколку дена од изјавтат истиот Заев пред зградата кој треба да го симболизира идентитетот , тој стоеше со својот пријател се срамеше да ја биде интонирана „Денес над Македонија“, пред пријателот се срамеше да каже каков јазик зборуваат македонците, какви песни се пејат, тој велеше дека немало време за химната, а подоцна излезе и ја кажа вистината дека се коцкаше со својата химна. Зоран Заев гледаше како кула од карти како се урива националниот идентитет. Тој нема право да зборува дека го заштититил националниот идентитет. Ниту заштитил нешто ниту има кашпацитет да заштитоти. Се тоа за пусти пари, истакна вечерва во Аеродром Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.