Заев ги создаде проблемите со Бугарија, а викаше дека ќе не внесе во ЕУ, само договорот да се потпише, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Валандово.
Мицкоски додаде дека 5 години власта креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот заедно со нивниот коалициски партнер ДУИ, прашувајќи ги граѓаните дали донесе живот во Македонија, како што ветуваше.
-52 месеци и речиси 5 години истите работи. Креира тензии во општеството преку амнестирање на криминалот и заедно со ДУИ се истото лице и опачина. Одговорете си самите има ли живот во Македонија? Донесе ли тој и СДСМ живот? Не, и тоа малку што остана го уништуваат, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.