Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагира на честото менување на ставовите од страна на премиерот Заев.

На Заев ставовите не траат долго, затоа што не му е тешко да излаже. Тоа е нешто што кај луѓето создава несигурност и проблеми-коментира Мицкоски.

Тераше корона избори, вечерта славеше, следниот ден броеше мртви и заразени, воведе поостри рестриктивни мерки.
Ветуваше ветинг, но на крај се потпре на сигурните трас-трас судии кои се одзиваат на неговите смс пораки.
Бугарите на бугарски медиуми ги прогласи за ослободители и администрација, а дома глуми лажен патриот.
Ветуваше правда, сега криминалците јадат од неговата рака.
Најново, завчера ветуваше лидерска средба, а веќе вчера го смени ставот и се премисли.
Ако некој не му е јасно вака лаже постојано како што сега тоа го прави. Нема проблем да излаже и кога се колне во жицата додека преговара за идентитетот. Излезот е изворот на сите проблеми Заев да си замине.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.