Во вечерашното издание на „Патот кон“ во Алсат телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, критикуваше дека Зоран Заев треба чесно да признае пред граѓаните дека е уценет во скутот на Али Ахмети и Артан Груби, тие го одржуваат во политичкиот живот, впрочем тоа бил условот тој да остане премиер уште неколку месеци.

-Ова што го прави Зоран Заев е политички некултурно, и ваков тип на заложништво да ги држи и граѓаните и своите сопартијци е политички некултурно, но не очекувам нешто повеќе од него, ако излезете на прес коференција изрично да кажете дека нешто ќе направите, тоа и треба да го направите, а не веќе следниот ден да ги повикувате вашите коалициони партнери да ги прашате што мислат за вашата оставка, а Заев кажа дека дава неотповиклива оставка, тоа е политичка некултура и кон членството и кон коалиционите партнери, критикуваше Мицкоски.

Мицкоски појасни дека позицијата на Заев е таква да објаснува сега дека на 12-ти ќе има Конгрес што е повторно политичка некултура во ист ден како редовниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ да се закаже, можеби нешто се обидува да сокрие, а потоа вели дека ќе остане уште некое време премиер.

-Заев сега вели дека ќе останел премиер додека не постигнел договор со Алтернатива или со Бугарија , а во суштина треба да биде чесен пред граѓаните и да каже дека е во скутот на Али Ахмети и Артан Груби и дека е уценет, што практично беше условот тој да остане премиер овие осумнаесетина месеци, вели Мицкоски вечерва во Алсат ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.