Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при гостување во вестите на Сител, зборуваше за моменталната политичка ситуација во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и лошите владини политики во однос преговорите со Република Бугарија.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ посакува датум во јуни, но дека, за жал, такво нешто најверојатно нема да биде возможно поради тоа што Европската Унија гледа до кој степен во нашата земја владеат криминалот и корупцијата, а тоа сигурно не се вредностите кои што ќе и помогнат на Република Македонија на патот кон евроинтеграциите.
Зоран Заев изминатите години покажа како не треба да се водат преговорите, поради тоа што во сите процеси коишто беа почнати, единствена страна со претрпена штета е Република Македонија и нејзините граѓани. Националниот идентитет е клекнат на колена само поради тоа што Заев ја стави на распродажба државата и нејзината историја. Сите знаеме дека Зоран Заев е подготвен се да потпише со Република Бугарија само да се додвори, повторно со раката на срце, но овој пат не знаеме што и дали ќе прифати другата страна.
ВМРО-ДПМНЕ и во изминатите неколку денови застана цврсто на ставот дека нема да поддржи никаква дополнителна измена или отстапка во преговорите со Бугарија, бидејќи Република Македонија отстапи многу повеќе од што смееше да се дозволи. За ваквиот став беше известен и Европскиот совет кој треба да почне реално да гледа на работите и да престане со притисокот врз државата. Република Македонија е земја којашто заслужува да биде дел од европското семејство, но не смее да се дозволи ваква власт да продолжи да ја урнисува земјата, бидејќи така Европската Унија ќе остане недостижна – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.