Лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук порача дека премиерот Зоран Заев без срам говорел како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата е во рецесија.

Да, целиот свет чувствува последици од Корона пандемијата, но само Македонија ги чувствува последиците од СДСМ пандемијата која опустошува уште од 2017-та година, вели Мицкоски.

Тој објави и две фотографии на кои се гледа дека капиталните инвестиции опаѓаат, а задолжувањето на државата расте.

Се поставува прашање: „Каде се парите?, вели Мицкоски.

Заев, без срам, говореше како македонската економија е жива и стабилна, а во реалноста државата се наоѓа во рецесија….

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 5 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.