Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата „Топ тема” која се емитува на Телма телевизија, рече дека партијата продолжува на терен да работи заедно со граѓаните и продолжува да го исполнува она кое било ветено во програмите за време на кампањата на овие локални избори.
„Ние сакаме да создадеме подобри услови за живот во средините во кои ВМРО-ДПМНЕ ги има своите градоначалници и на тој начин да обезбедиме поголем приход во Буџетот на државата за да може да има повеќе пари капитални проекти, а не како што е сега состојбата, да не ни се случуваат вакви – енергетски, земјоделски итн. Тоа е суштината на политиката која ние ја именувавме во оваа кампања како заеднички патриотизам. Ајде луѓе, заеднички да работиме за доброто и за иднината на државата, сите останати работи кои нас не раздвојуваат да ги оставиме на страна и да разговараме за тоа што не обединува. Тоа е политиката која ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следи ќе ја презентира – само и само работа за граѓаните, да покажеме дека можело поинаку и можело да биде поуспешно.” – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека можеби родољубиот народ кој си ја сака државата и не сака оваа корумпирана власт да владее со државата бара реакција паралелна на ова мафијашко владеење на власта, но ќе бидеме мудри и трпеливи и ќе продолжиме да работиме во рамките на она што може, за да може да се решаваат проблемите на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.