Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струга, изјави дека треба да градиме пактови и сојузи кои ќе не носат кон иднината, бидејќи сите македонски граѓани делат иста мака, потребна е создавање на заедничка борба за подобра држава и подобра иднина, каде нема да има неправди, криминал и корупција.
– Да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите во џеб, и дека за доверба да ја добијат од граѓаните треба работа. Заеднички патриотизам е заеднички да успеваме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои се иселија од земјaва. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да ги победиме криминалот, корупцијата и неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, да има повеќе можности за развој. Да носиме добри вести низ регионот, да се радуваме на нови инвестиции и нови добро платени работни места, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека затоа за новата иднина потребни се промени, проекти и победи, и дека тоа што го нуди ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 14 835 проекти од различни области, за различни реални потреби на нашите сограѓани, е во насока кон таа подобра иднина.
– Повеќе од 2000 ширум Македонија, Повеќе од 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови, 90 спортски сали за младите. Гасификација за поздрава животна средина и што ли уште не. Ова е тоа кое ние го нудиме, нагласи Мицкоски.
Мицкоски обраќајќи се до Албанците потсети како Заев прво зборуваше против ДУИ, но затоа потоа со нив формираше тендерска коалиција, а сите граѓани се оставен на мака покрадени и понижени и повика граѓаните да се обединат и да стават крај на оваа коалиција на власта која ја зароби државата.
Тука сме сите ние заедно обединети еден до друг, и тоа не е апстрактен поим, ниту пак бајка во која што ви велам само да верувате. Ова се избори, ова се избори каде што ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утре. Често пати кога давам интервјуа, и кога разговарам со луѓе ми го поставуваат прашањето што ќе било за тебе победа, еве ќе ви дадам одговор јавно, гласно од овдека од Струга, победа е да направиме спротивно од овие 30 години. Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи. Победа е кога ќе погрешиме, кога ќе констатираме дека сме погрешиле ќе се извиниме и ќе се корегираме, а грешката ќе ја исправиме. Победа е кога ќе се почитуваме и дури и тогаш кога сме различни, победа е кога создаваме вредности, да создаваме принципи.
Победа е да има одговорност кога треба, а кога можеме да кажеме да направивме се што можевме. Победа е да не се откажуваме, победа е да создаваме, победа е да работиме. Победа е да одиме напред, победа е да имаме цели, а целта е да влеземе во ЕУ. Победа е Европа да ја ставиме на дланка. Победа е кога нашите спортски репрезентации нижат успеси. Победа е кога овозможуваме сигурност и извесност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.