Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјава за вестите на телевизија Канал 5 вели дека најтешко од изолација, му е тоа што е одвоен од семејството.

Не е лесно имајќи го во предвид на динамичниот живот кој го водам и во партијата и на факултетот. Јас често спортувам во суштина, но она што најтешко ми паѓа е што сум одвоен од семејството повеќе од 30 дена имајќи го предвид карактерот на мојата работа и контактот со луѓе. Овој викенд на постариот син му беше роденден требаше да се видиме, но не успеавме. Ми недостигаат двата сина на кои на овој начин им порачувам да ја слушаат мајка им – вели Мицкоски.

Тој додава дека во рамки на партијата работите ги решава телефонски, но најмногу му фали спортот и динамичниот живот кој што го води.

Целиот разговор со Мицкоски проследете го во продолжение:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.