Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето на 21 ТВ беше запрашан и за Специјалното јавно обвинителство.

 

СЈО е политички договор,и е против уставно. Нашиот став е да го изедначиме со сите обвинители. Нема да ги правиме холувудки ѕвезди, ајде сега да ги направиме како што треба. Ајде да видиме собранието да провери каде отидоа 15 милиони евра. Имаме индиции дека се злоупотребени. Но тие бегаат, не сакаат. Велиме сите обвинители да имаат рамноправен третман, сега овие имаат пет пати поголеми можности, соработници, ајде ги изедначиме можностите. Тие што не се квалитетни да се збогуваме. Нашиот став е јасен, тоа беше став и на премиерот. Ајде ако веруваме во правда јавниот обвинител да биде од опозиција. Велат бомбите не смеат да бидат доказ. Кажете ми како нелегален матерјал е доказ? Истакна Мицкоски.

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.