На социјалните мрежи и низ помалите населени места денеска се шират инструкции, со кои симпатизери и членови на СДСМ сакаат погрешно да ги наведат гласачите кои на изборите ќе се одлучат да заокружат 14 пред името на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа, посочи дека со оркестрирана акција СДСМ граѓаните да ја шкртаат додавката на името на гласачките ливчиња е поради голем страв од претстојниот пораз, но и е потценувачки однос кон граѓаните.
Претседателот на партијата Христијан Мицкоски смета дека ова е многу лоша порака од страна на СДСМ, со која покажува дека го потценува својот народ.
Луѓето точно знаат дека ако постапат вака, ливчето ќе биде неважечко. Не можам да ги разберам со каква леснотија го прават ова. Не разборам како политичари кои претендираат да освојат власт, можат да го потценуваат народот на овој начин. Се обидуваат да направат маса неважечки ливичиња од оние кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски вечерва на ТВ Алфа.
Втората работа зошто го прави СДСМ ова, според Мицкоски, е стравот од очигледниот пораз на 15 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.