Според СДСМ не е грев да се краде, да се лаже, да се предава сопствениот народ. Грев за оваа Влада е да се спортува и да се оди на планина, рече вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека изминатиот месец дена такви недозволени снимања и објавени снимки како спортува му се случија уште во 2-3 наврати.
Едниот пат беше кога ја подигав мојата спортска опрема од вежбалната каде што вежбам, да, точно, кога тоа беше дозволено со закон. И вториот пат кога со пријателите се спуштав од Водно, тогаш повторно осамна слика на еден фејсбук-профил, а потоа се рашири како „еве го Мицкоски на Водно“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде според пиар-от на СДСМ, ислегува дека е грев да човек да планинари, грев е човек да оди во теретана да вежба, а не е грев тоа што некој на дневна основа прави криминал, на дневна основа има корупција, на дневна основа има лаги, предавства, за жал сето ова е нормално за СДСМ.
Систем на невредности. Ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев практично го практицира изминатиов период во нашава држава. А, сето ова кое што можеби е некоја позитивна вредност ете да спортувате, да одите во природа е грев, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.