Tрет ден има молк и нема одговор од страна на СДСМ, ниту од општина Тетово, ниту пак од Владата, ниту пак Министерството за транспорт и врски да дадат одговор зошто токму тогаш се случила промената на ДУП во Тетово, со кој се овозможува дополнителна можност за заработка на 200 милиони евра на контроверзен бизнисмен, рече на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој бизнисмен, рече Мицкоски „го слушавме за време на изборната кампања како споменува провизии од неколку стотици илјади евра, па потоа гледавме дека демантираше, па потоа вели дека ветил 2000 квадрати кога ќе помине ДУП-от”.
– Тука веќе не може да се вадиме дали била оваа или друга Влада затоа што раководството на општината во која се менува овој ДУП и тогаш и во едната и во друга Влада било тоа раководство, па вели како ќе дал провизија од две илјади квадрати, па се споменуваа неколку милиони евра за работа што треба да му биде завршена, а таа работа се завршува веднаш по формирањето на Владата, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.