Поткупот пред изборите беше вршен преку картичките што беа делени во сумa од 28 милиони евра, потоа преку проектот зелена нафта. Нашите информации се дека 10 милиони евра се поделени на рака вонинституционално, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.
Ова не очекувам да биде предмет на обвинителството бидејќи за нив некои други работи се интереси-вели Мицкоски.
За тоа, зошто ова не го објавиле пред изборите Мицкоски вели дека сакале да играле витешки, но должи извинување до граѓаните зошто тоа не го направиле.
Станува збор за девијантно однесување и поткуп кој досега е незабележан во светски размери не само во Македонија-додава Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.