Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласува дека на Македонија и е потребен попис, но ако тој е политички монтиран тој ќе ги чини граѓаните пари.

Според него, потребно е пописот да биде статистичка операција, а политичка каква што се подготвува.

-Попис е потребно за благовремено да го планираме развојот на економијата, образованието, здравството, земјоделието…Зато што не е сеедно да пресметувате БДП од 11 милијарди евра на население од два милиони жители и резидентно реално население од 1,5, 16, или 1,7 милиони жители..Тоа директно влијае на кредитниот рејтинг на државата а кредитниот рејтинг директно удира по џебот на граѓаните-вели Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.