„За жал би рекол тоа е одлуката на Левица и покрај сите понуди и апели да формираме еден голем опозициски блок, сепак тие на крај не може да избегаат од насоката на стопанот“, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека тој како лидер на ВМРО-ДПМНЕ јавно неколку пати повика на обединување на сите опозициски партии во еден опозициски блок.

„Имав понуда да се поддржиме сите заедно, но очигледно Левица не можат да излезат од барањата на главниот центар на моќ кој што управува со нив“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека целта на опозицијата е да излезе со јасна програма за локалните избори.

„Ние со лажна опозиција не можеме цело време да се занимаваме. А, што се однесува до останатите опозициски партии дел се приклучуваат кон коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ вклучително ете и оваа емисија ја користам повторно како апел и до албанските опозициски партии да ги повикам да седнеме и да поразговараме за тоа што ние треба да создадеме како што кажав уште на самиот почеток на ова интервју коалиција на криминалот и корупцијата“, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.