Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој е и професор на Машинскиот факултет во Скопје му дава безрезервна поддршка на осмооделенецот Дамјан Давков, кој победи во натрпревар по математика за прва година средно, но Министерството за образование и наука одби да го награди бидејќи не било согласно Законот.

Давков, познат уште и како штипскиот Питагора, со години реди успеси на математичките натпревари и тоа во повозрасни категории од својата.

Мицкоски, како што вели, реагира од позиција на родител и професор и неговиот став не сака да биде доведен во конотација со дневната политика. Според него, ваков талент во нормална држава ќе беше бисерот кој една Влада ќе го чуваше, помагаше и стимулираше како најголема надеж. Но, не и во нашата земја.

Размислував пред да го напишам овој коментар, не сакајќи да се доведе во конотација со дневната политика, но како родител и професор имам должност да изреагирам, пред се како човек кому му се крева утробата пред неправдите со кои се соочуваат генерациите кои треба да ја носат иднината. Дамјан Давков е ученик во VIII одделение од Штип, но и шампион по математика.
Ваков талент во нормална држава ќе беше бисерот кој една влада ќе го чуваше, помагаше и стимулираше како најголема надеж. Но, не и во нашата земја.

По втор пат во рок од два месеци му било одбиено барањето од страна на МОН за парична награда за освоеното прво место на државниот натпревар. МОН го одбива, не затоа што Дамјан е лош, туку затоа што е добар, затоа што како осмоодделенец стана државен првак по математика за I година средно образование и како основец не го следувала, пишува Мицкоски.

Тоа што Дамјан е шампион му е пречка, а не предност. Ова се случува кога државата не штити вредности, кога неквалитетот го гуши квалитетот, смета Мицкоски.

Дамјан шампионе, животот како што гледаш не е фер. Благодарам за сѐ што правиш. Извини во името на сите ние кои имаме обврска да се бориме, а не успеваме да ги исправиме неправдите, затоа што ти тоа не го заслужуваш. Можам да ветам дека ќе ги смениме работите, оваа борба е за тебе, за твоите другари, за малите шампиони со големо срце, сегашни и идни шампиони. Ти си енергијата која дава сила за борба и за промени кои ќе донесат подобро за сите. Поддршка шампионе. До наредните успеси, пишува Мицкоски.

Размислував пред да го напишам овој коментар, несакајќи да се доведе во конотација со дневната политика, но како родител…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 5 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.