Денеска за прв пат во македонската понова историја имавме висок гостин, се случија две работи. Првата работа беше, не беше построена македонската гарда. Јас бев во првата гардиска чета во гардискиот батаљон, сум пречекал многу светски државници и сум го испратил тогашниот претседател на неколку патувања и на неколку меѓународни посети. Никогаш, без исклучок никогаш додека сум бил дел од тој гардиски батаљон не дошол светски државник, а ние да не сме го пречекале, така беше и после мојата генерација, така беше и пред мојата генерација. Но, денеска бевме сведоци на ова понижување и омаловажување, гардистите наши никаде ги немаше да го пречекаат новиот пријател на Зоран Заев.
Но, тука не сопира понижувањето и омаловажувањето, потоа застанаа пред Владата на Македонија и ја пуштија химната на Македонија. Не ја пуштија химната, знаете ли зошто? Затоа што во химната денес над Македонија се раѓа…Е тоа не сакаше да го слушне Заев, дека денес над Македонија се раѓа и дека вие Македонците се борите за вашите правдини. Па што ќе ти е господине Заев таков пријател ако не те почитува, таков каков што си ? Ама јас знам зошто ќе ти е, за пусти пари се работи господине Заев, за моќ, за пари, тоа е прашањето, затоа ти голташ пријателе се, затоа не ти срам да не ја построиш гардата, затоа не ти е срам да слушнеш денес над Македонија се раѓа и дека ние Македонците се бориме за правдини. Пусти пари, моќ и привилегии е затоа си подготвен и себеси да се понижиш, ама понижувајќи се себеси нас не боли, не боли, не пече, затоа што и нас не понижуваш, затоа што и нас не омаловажуваш, затоа што државата ја множиш со нула, со ништо.

Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако на пречекот а грчкиот премиер Алексис Ципрас не беше интонирана македонската химна. Заев додаде:

Денеска ова што се случи ќе биде преседан во македонската демократија, па ќе излезе со оправдување на прашањето зошто не се случија овие две работи, зошто ја немаше македонската гарда, зошто ја немаше македонската химна, ќе излезе неговиот центар за лаги и манипулации ќе каже доцнел авионот немало време, ја мајката. Како беше она се сеќавате, го донеле Заев името да го смени, ајде мајката … е ајде де, ајде мајката сега, па ќе излезе и ќе лаже. И тој човек заедно со оној негов деспотски избран кандидат кој што бара втора шанса како повторувач, ќе ја бара довербата од граѓаните, а безмилосно, бескрупулозно лаже, денеска не лаже. Зарем тие луѓе ја заслужуваат довербата од овие честити луѓе, од овој еснаф, од овие домаќини и домаќинки, верни Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Египјани и нека ми простат сите останати кои што не ги споменав. Тоа се луѓе родени, израснале, се школувале, формирале семејства во оваа држава и се борат во оваа држава, но тие ќе му дадат едно громогласно не на 21 април на Зоран Заев и Стево Пендаровски биејќи тоа е иста паричка со лице и опачина. Гласајќи за Стево честити луѓе гласате за Зоран Заев. Зарем ќе дозволиме тој човек уште еднаш да не лаже?
Не дозволувајте тоа да ни се случи. Имаме човек кој што е инспирација со сопствениот став, со сопствената мудрост и искуство. Имаме дама, професорка, мајка, сестра, сопруга, пријателка која што ќе биде претседател на сите граѓани во Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.