Претседателот за ВМРО – ДМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Радовиш порача дека иден претседател на Република Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова.
Не обвинуваат дека ова биле претседателски избори, а не парламентарни. Ние легнуваме со последна мисла за Македонија, додека вие за татковината мислите од избори на избори. Вие велите сте нуделе иднина, полни вреки пари, ние нудиме достоинсвена и честита Република Македонија, Ние нудиме иднина со богата република и бигати граѓани. Вие нудите иднина откажувајки се од минатото. За нас минатото е наша гордост. Нашето минато е нашето Евро. Вие господа од власта имате проблем со себе, а ние заедно со народот имаме проблем со вас кој ќе го решиме во април. На деспотски начин избравте кандидат за претседаател. Ние направивме најголема коалиција со сите кои се родиле во оваа држава и си ја сакаат оваа држава со нив ќе ве победиме на 21 април. Ние со нашите поддржувачи, комуницираме на начин со тоа што им со обраќаме со бараќа и сестри, а вие заедно со Стево најпрвин ги нарековте граѓаните стока, апотоа сурати. Ајде браќа и сестри да им кажеме кој е победникот. Гордана е најинспоративниот професор, полана со честитост безкомпромисен борец против неправдата, затоа што секогаш кога Македонија била пред предизвик таа се исправала пред тој предизвик како во 2004, така и сега за време на референдумот, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.