Јас се уште не сум слушнал за таква идеја на човекот кој што го дезинтегрира македонскиот блок, го засрами и буквално Македонците ги направи граѓани од втор ред во сопствената држава. И најмалку тој човек има право да зборува за интегрирање на македонскиот блок. Можеби некој друг покредибилен политичар од редовите на СДСМ има поголемо право од Зоран Заев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој е изнаден дека токму Заевпредложил една ваква нова етничка платформа, односно човекот кој што до вчера велеше дека е најпопуларен политичар помеѓу Албанците.
Мислам дека се сеќаваат голем дел на вашите колеги на неговите такви изјави, не знам што се случи. Мислам јас знам што се случува, уплашен е дека треба ако не биде премиер, и ако не ги постави отворањата и затворањата на шаховската табла можеби и ќе треба да одговара за некои други негови постапки во изминатиов период. Така што еве тука би се задржал на тоа, јас прв пат слушам за таква идеја сега од Вас. Можеби кога би бил попрецизен господинот Зоран Заев да видиме што значи тоа, па да отвориме една јавна дебата. Би влегол во една таква јавна дебата и би разговарал, да видиме која е неговата намера. Што се однесува до првата тема, јас ценам дека не се сите можности исцрпени, мислам дека се уште постојат можности за формирање на политичка Влада, доколку тие можности се исцрпат тогаш можеме да зборуваме за нови избори. Но ќе ве потсетам ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку месеци зборуваше за парламентарни избори кои што ќе се случат и најдобро е да се случат на есен, но тогаш бевме исмејувани, бевме негирани, и практично сите оние кои што тогаш велеа дека тоа е невозможно, денес го ставаат на маса како возможна опција. Можеби ако тогаш малку позрело делот од политичарите кои што денес гледам како коленичат, а до вчера велеа дека ДУИ не вределе ни пет пари, дека време било да ДУИ оди во опозиција, гледаме како коленичат пред ДУИ. Да го послушаа ВМРО-ДПМНЕ ние можеби денеска ќе поштедевме многу повеќе ресурси, ќе заштитевме некој човечки изгубен живот и ќе имавме помала бројка на луѓе заболени од КОВИД – 19 вирусот. Но за жал поради незрели политики, погрешни политики на такви политичари какви што денеска се од кај нашиот политички противник, ние денеска се доведовме во една ваква нерешена и би рекол помалку или повеќе безизлезна понижувачка ситуација. И тоа се влијае врз граѓаните што најмногу мене ме погодува како политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.