Правда во Македонија нема затоа што си имаме работа со мафија, нагласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.
– Денеска криминалците и властите се едно, нема разлика. Кој одговараше досега за криминал? Никој. Тоа е така затоа што мафијата има своја држава. Ако до вчера бевме најкорупмираната држава во Европа, од денеска сме најкорумпирана држава во светот. Заев ја приватизираше државата, заедно со Вице и со Сашо. Соединети се со магнет, а магнетот се парите, желбата за власт и моќта да контролираат, а да не одговараат. Оваа криминална коалиција функционира вака поради заробените институции. Кога ја нацртав линијата дека компромис со криминалот не правам, тие веднаш се соединија со тие што прават криминал. Затоа, најдобар пријател на Заев се иницијаторите. Додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, Мијалков го пуштија да си избега со милионите. Таа мафија цели 4 години прави хајки против мене и членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Бев, сум и ќе бидам предмет на медиумски линч, ама невистината распукува, рече Мицкоски.
Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено ви беше бегството, рече Мицкоски.
– Заев, твој тег на ногата сега е бегството на Мијалков. Затоа, ние имаме обврска Македонија да престане да тоне. Нашата борба против тебе и мафијата ќе продолжи со пожестоко темпо. Никогаш не сум правел компромис со криминалот. Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договрено ви е. Вчера душата ми се параше кога ве гледав пред ТВ екраните. Спасовски не собра храброст да им се обрати на граѓаните. Целиот наш народ очекува објаснување. Институциите се должни да дадат одговори на сите прашања за овој случај. Одговорност мора да има затоа што граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди. Ништо друго не сте способни да направите. Не треба да се размислува за оставка на Спасовски. Тој ќе остане запаметен како бранител на криминалот, но неговата оставка не е доволна, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.