Ниту во еден момент ние не можеме да се сложиме со тезата дека таму се случувале терористички настани и акт спротивен на Уставот затоа што моментот, настаните што се случиле до тој момент не се зимаат во предвид, а тоа е нелегитимниот избор на Претседателот на Собранието, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување на 1ТВ.
Мицкоски потсети дека во многу наврати во минатото кажал дека примена на сила не може да толерира и оправдува но едно е учество во насилство, друго е тероризам и акт спротивен на Уставниот поредок.
Јане Ченто е повеќе од една година во притвор. Притворот дали треба да биде затвор или мерка за претпазливост – потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.