Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се потсети на професорот Љубиша Георгиевски.
Денес си спомнав на Професорот Љубиша Георгиевски. Каква ли само големина интелектуална, каков бард, боем, господин…, си споменав две негови думи од кои многу научив. Минувавме ретко, но секогаш долго, со часови разговори. На една наша таква средба ми рече: Христијан, секогаш кога блескав јас горев…, долго се мислев што ми кажа, но таков беше тој, требаше човек да ја помисли неговата дума. Друг ден пак седевме веќе два часа кога ми рече: Најтешката патека е за најхрабрите, тие што денес очите ти ги колваат, еден ден веѓите ќе ти ги цртаат. Денес кога го живееме ова тешко време, и кога многумина се преставуваат како лажни пророци и удираат со лаги знам дека сме на вистинскиот пат, патот кој го чекориме заедно со народот, единствениот пат.
Професоре драг ти живееш со нас, а легендата за тебе…
Денес си спомнав на Професорот Љубиша Георгиевски. Каква ли само големина интелектуална, каков бард, боем, господин…,…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 26 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.