Разбирам дека во СДСМ има многу проблеми, разбирам и дека немаат резултати со кои ќе се пофалат, но не ја разбирам нивната потреба со лаги да го покријат сето ова, реагира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по сопштенијата на СДСМ во кои тие тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ ги нарекле докторите убијци.

Во наредните 24 часа нека најдат макар една изјава од мене или од било кој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ каде докторите се нарекуваат убијци и јас сум спремен да се извинам, во спротивно очекувам Зоран Заев да излезе и да се извини поради таквите лаги на грбот на лекарите.
Не ги бранат тие лекарите, се бранат себе за неорганизираниот здравствен систем, за доцнењето на вакцините…
Знаат Заев и Филипче, знаат, и затоа се бранат себе си.
И сосема на крај да посочам дека и мојата мајка е доктор, оттука е и сосема неприродна ваквата лага на Заев.
Проблемите во СДСМ не се проблем и на државата и народот, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.