1. Од новото раководство на СДСМ и мандатарот Димитар Ковачевски очекувам продолжување на политиките на Зоран Заев, неуспеси и немање стратегија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за време на посетата на Општина Бутел.
  2. – Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека од Ковачевски не слушнал ништо ново и не очекува никаков пресврт во однос на политиките на Владата што тој ќе ја предводи.

Мицкоски истакна дека иако, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието и со најмногу градоначалници, претседателот Стево Пендаровски одлучил да го даде мандатот за состав на нова влада на лице „кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има каков било народен легитимитет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.