Здравјето на граѓаните е најважно и со Устав загарантирано како неприкосновена физичка големина. Оставете Заев што збори, нека бидат слободни граѓаните, нема казни за пописот, здравјето никој не смее да им го загрози – порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ.
Мицкоски истакна е подготвен да понесе одговорност за тоа што го зборува и додаде дека само имунизирани попишувачи смеат да влегуваат по домовите и дека тој нема да дозволи да разговара со неимунизирани.
Избирам живот, наместо да бидам заробеник на политичкиот договор Заев-Ахмети Граѓаните не смеат да бидат заложници на политичкиот договор Заев-Ахмети, јас го избирам здравјето на сметка на тој договор и упатувам апел граѓаните да го изберат здравјето на смета на тој политички договор – потенцира Мицкоски.
Тој посочи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се вакцинираат попишувачите и да се одложи пописот за да не се загрозува здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели дека пописот треба да се одложи, таму за наесен, септември месец, а ако е потребно да ги одложиме и локалните избори не менува ништо. Во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за кога граѓаните ќе разговараат со нив да не може да бидат преносители на зараза – нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.