Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека таканаречените иницијативи за промени во партијата се спроведуваат од луѓе што работат под диктат на Зоран Заев и се во негова служба со цел да го заштитат своите криминали.

Мицкоски им порачува на, како што вели, тие што се затскриваат зад лажен интерес за партијата, а всушност го прават тоа за Заев да ги заштити од одговорност за направениот криминал, дека додека е жив ќе се бори за вистината и правдината да излеат на виделина и секој да одговара за направените криминали.

За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правaм компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот.

Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се прашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода.

Но, нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалции за да се спасат себе си, а се нудат за решение – вели Мицкоски.

Истовремено, Мицкоски јавно порачува дека тие, коишто многупати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не може да претставуваат никакво решение, туку се завршена приказна и товар кој мора да отпадне за ВМРО-ДПМНЕ и народот да победат.

Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено – вели Мицкоски.

 

Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.