Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил дека денешната бројка на починати ќе била помала доколку имало вакцини на време.

„51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чива е? Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација. Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање!“, порача Мицкоски.

51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чива е?

Гробиштата се полни,…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 7 April 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.