Шоканта е изјавата на премиерот Зоран Заев за бришењето на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој додава дека по промената на власта историјата ќе биде вратена така како што ја признава светската историја.

Веднаш при промената на власт, ние не сме талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да се извинат на овој народ, рече Мицкоски.

&nbsp

;



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.