Тажна е ситуацијата, се сеќавате не смируваа дека се е под контрола, да не се грижат граѓаните. И денеска слушнавме од министерството дека всушност патниците, мнозинството патниците во тој авион биле лица со косовски пасош. Не биле македонски. И тоа било олеснителна околност. Македонските биле само два, а повеќе од 70-тина биле лица кои што со косовски пасош. Па како дојдоа тие лица од Косово тука во Македонија? Како поминаа граница? Како поминаа на аеродром, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Го поставил некој тоа прашање? Дали ова е тоа дека ние не треба да се грижиме и секираме, дали ова е тоа дека работата е под контрола. Две контроли кои што треба да ги спроведе државата една на граничниот премин преку кој што овие лица влегле во Македонија и една на самиот аеродром покажале резултати различни од оние кои што ги покажале аеродромските власти во Финска. Како влегле тие? Директно влегле во авион? Тоа е прашањето и затоа денеска сме рекордери. Затоа македонските граѓани денеска се во кафез, заклучно со септември, и не можат да патуваат во ЕУ. И ова се тие политики. И нема да ме чуди ако овој кафез продолжи до крајот на 2020-тата година. Ова се тие политики кои што мора да ги победиме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.