Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го најавува денешниот протест на партијата барајќи оставка на актуелниот претседател на Владата Зоран Заев и ослободување на народот.
По синоќешниот голем протест во Скопје, денеска се најавени протести во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид кои треба да почнат во 18 часот.
ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Протест сега, за да не биде предоцна!
Има работи кои се свети, има нешта кои не се предмет на пазарење. Премногу молчевме!
Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини!
Се наоѓаме во историски моменти и, или ќе покажеме дека заслужуваме држава, или ќе нѐ нема.
Протести во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид! Се гледаме на улиците во 18 часот!
Срамот на Заев да не дозволиме да биде и колективен срам.
п.с. Заштитете се, носете маска, држете растојание, порачува Мицкоски.
ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Протест сега, за да не биде предоцна!
Има работи кои се свети, има нешта кои не…
Posted by Hristijan Mickoski on Friday, 27 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.