Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ рече дека постои можност осумтемина пратеници кои беа исклучени од партијата, да бидат вратени.
Секогаш во животот постојат работи што имаат реверзибилна насока. Апсолутно е можно, секогаш постојат секакви можности, рече Мицкоски.
На средбата со оваа независна пратеничка група, Мицкоски ги презентирал принципите на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, но и за Законот за јавно обвинителство, кое ќе ја дефинира иднината на СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.