Вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостува во емисијата Клик на ТВ 21 каде изјави дека ВМРО-ДПМНЕ прави се албанскиот етникум да ја препознаат вистинската вредност на овие избори, а на овие избори според Мицкоски е Гордана Силјановска Давкова.

На прашањето: Зар не треба вие тоа да го ставите на знаење на албанците да ја препознаат таа вреднест? Мицкоски одговори дека се обидуваат тоа да се случи. Мицкоски од гостите во емисијата беше запрашан за твитот кој крена фама кај албанската јавност, односно зошто немаат албанец во коалицијата тој одговори:

Навистина жалам што така се го сватиле моето обраќање на тема твит. На сите митинзи каде што говорам. Без исклучок се извинувам. На изјавата веднаш по средбата на коалицијата за „Подобра Македонија“ ги наброајв етнкумите кои ја сочинуваат коалицијата. Пријател сум со сите етникуми, имам студенти кои се албанци. Никогаш не сум имал намера да ги двојам албанците. Често пати анализираме зошто во коалицијата немаме албански партии. Но еве за прв пат албанска партија одлучи да го поддржи Стево Пендравовски. Јас се трудам да имаме платформа, се надевам дека многу скоро ке имаме паритја која ке биде репрезент и на албанскиот етникум. На основа на политики и платформа, а не не клиентелизам, рече Мицкоски во емисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.