Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во интервју за „Дојче веле“ на македонски јазик, меѓудругото говори и за набавката на респираторни машини кои се неопходни, ако се влоши состојбата со заболените со коронавирусот во Македонија.

Во моментов има 67 заболени, а само еден пациент е на респирраторна машина и според министерот за здравство неговата состојба е стабилна.

Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL, изјави Мицкоски за Дојче веле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.