Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Петровец 17:00, општина Илинден во 18:00 часот, општина Центар во 19:00 часот, општина Кисела Вода 20:30 часот.

– Носител на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе ја посети општина Центар во 19:00 часот, а во 20:30 часот ќе ја посети општина Кисела Вода.

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе ја посети општина Куманово, предвидена е изјава за медиуми во 13:30 часот на игралиштето ФК „Евроспорт“.

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе ја посети општина Петровец во 17:00 часот, а во 18:00 часот општина Илинден.

Во 09:45 ќе ја посети општина Лозово при што е предвидена и изјава за медиуми.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети општина Прилеп и во 12:00 часот е предвидена изјава за медиуми на Градскиот плоштад.

Изјава за медиуми ќе има и во 17:00 часот Рид 1, игралиштето кај старото училиште.

Изјава за медиуми ќе има и во Општина Кавадарци, населба Љубош во 20:30 часот.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 17:30 часот во општина Тетово ќе оствари средба со стопанственици од полошки регион заедно со Гордана Димитриеска Кочоска во ресторан „Принц“, по средбата предвидена е изјава за медиуми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.