Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Валандово пред граѓаните коментирајќи ја одлуката на Заев никој да не одговара за починатите 14 луѓе, праша дали е тоа европска вредност.

Додаде дека во Романија кога гори болница паѓа влада, додека кај нас власта убедува дека е виновен кабелот.

Во Романија, земја членка на ЕУ, кога гори болница паѓа влада, поднесуваат оставки и не ги убедуваат граѓаните дека 14 луѓе како кај нас во болница во Тетово изгореа затоа што кабелот не чинеше, истакна Мицкоски.

„Европска вредност ли е да сме најкорумпираната држава во Европа? Европска вредност ли е половина милион граѓани да живеат со само 150 денари?Европска вредност ли е криминалците наместо во затвор, да се на слики со премиерот и министерот за полиција“, праша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.