Ние јасно сеуште не ги знаеме економсите ефекти од пандемијата. Власта претходно викаше дека блескаме на еконокси план, а што прави сега. Тоа е несериозно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ.
Денес нам ни на крај памет не ни паѓа политикантство. Нашиот став е јасен приоритет е здравјео на граѓаните и економијата, тука не се изборите. За тоа треба и комплетирање на работите, треба да се види што со избирачкиот список на пример. Во меѓувреме има и починати. Тука е и прашањето за екипирање на изборачките одбори. Зоран Заев пак што прави зборува, брифира со датуми за избори. Јас се држам до принципите, не можам да се однесувам лицемерно како Заев, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски категорично рече дека во услови на ваква здравстевна криза треба да се рамислува пред се за здравјето на граѓаните, како и за економките последици, а не за избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.