Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Штип.

-Остварив посета на штипска компанија која се занимава со производство на мебел.

Можам да кажам дека економскиот развој и поддршката на домашните компании ќе ни биде еден од главните приоритети. Она што сега недостастува е добрата бизнис клима која не е нарушена само со високите даноци и бирократијата, туку и со високото ниво на државна корупција и криминал.

Законите не важат за сите подеднакво, а се користи секоја прилика бизнисмените да се потчинат на политкчките интереси.

Економијата не смее да биде во функција на политиката, туку слободно да се развива и да биде додадена вредност на нашата држава. Политиката треба да е во функцика на ослободување на бизнисот и создавање на услови со кој ќе се поддржи стопанството и зголемување на неговите капацитети.

Нашата борба ќе биде против сиромаштијата, за зајакнување на економијата и создавање на добри бизнис услови. Мора секоја компанија да добие шанса за развој и само така ќе одиме напред, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Остварив посета на штипска компанија која се занимава со производство на мебел.Можам да кажам дека економскиот развој…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Samstag, 16. März 2019

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.