Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Бигорски манастир и се сретна со епископот г. Партениј.
По покана на нашиот старец и игумен, Епископ г. Партениј, денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посети Свештената Бигорска Обител. Почитуваниот гостин беше пречекан од нашето братство во духот на манастирското гостољубие и запознаен со животот и мисијата на Манастирот. Во топлата и пријателска атмосфера Старецот и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ разговараа за разни теми што се однесуваат за добросостојбата и благоуспевањето на нашата држава и на нашето општество. Притоа, г. Христијан Мицкоски искажа голема благодарност и поддршка за благородната евангелска мисија на Владиката Партениј и на неговото братство. Од своја страна, Старецот му се заблагодари на ценетиот гостин за посетата и за укажаната морална поткрепа, соопштија од Бигорскиот манастир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.