Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Опуштено“ зборуваше за тоа како тој ја замислува Република Македонија како држава.
Јас не ја замислувам Македонија земја на кавгаџии. Јас ја замислувам земја на вештачка интелегенција, роботика, квалитетно образование, технолошки напредна земја, со пензионери кои имаат високи пензии, со администрација која е среќна таму каде што работи, со глумци кои играат по неколку претстави неделно, со спортsки клубови со македонските херои кои беа на Европско, тука се одбојкарите, ракометарите, ракометарките, тука е новиот рекорд на Дрита Ислами – истакна Мицкоски.
Тој исто така зборуваше и за тоа како го замислува ВМРО-ДПМНЕ и укажа дека тука станува збор за чесни луѓе кои се подготвени да работат и да имаат достоинствен живот.
Јас ВМРО-ДПМНЕ го замислувам вака, тоа се луѓето честити, чесни кои се подготвени да работат, но да имаат достоинствен живот, тоа е Македонија во 21 век и јас така ја замислувам ВМРО-ДПМНЕ како современа, конзервативна десна опција – додаде тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.