Во почетокот на месецов лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Охрид. Прошета низ охридскиот пазар и старата градска чаршија, по што во една од чајџилниците седна да поразговара со младите за проблемите со кои се соочуваат.

На втората слика е претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој денеска беше во посета на Охрид. И тој прошета низ охридската чаршија и седна да испие чај во истата чајџилница во која седеше Мицкоски. Но, наместо чајот да го пие со младите, Заев го пиеше со претседателот на локалниот огранок на ДУИ, Нефи Усеини. Најверојатно тема на разговор им била поддршката што Нефи Усеини и ДУИ треба да ја дадат за кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Константин Георгиевски.

Има разлика.

 

Извор: Охрид 24



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.