Какви се правата на македонскиот работник? На оваа тема по повод Денот на трудот разговаравме со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во видео-интервјуто кое утре ќе биде објавено на нашата веб страница, Мицкоски зборува за празните ветувања на премиерот Зоран Заев за време кампањата пред парламентарните избори. Сè вети, ништо не оствари – вели Мицкоски.
Генерално превладува заедничко мислење кај сите дека ситуацијата е катастрофална, дека потешко никогаш не било. И ова не го зборувам само како претседател на опозицијата, па еве да ја критикуваме владата само затоа што треба да ја критикуваме. Навистина, сведочењата на работниците се траорни: за амбиентот во којшто работат, условите, за платите воопшто и не сакам да разговарам – тие се под секој пристоен човечки минимум. Сето она што беше ветувано од Зоран Заев во предизборието во изборите во 2016 и во 2017 година, останаа празни ветувања, празно слово напишано на хартија, коментира Мицкоски во интервју за „Република“.
Целиот разговор ќе биде објавен во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.