Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“ оцени дека анкетите кои што се објавуваат во однос на изборниот резултат се нерелевантни.
Мислам дека после 15 јули голем дел од куќите коишто ги прават овие анкети, од аспект на политичко интервјуирање, ќе бидат засрамени, ќе го изгубат својот кредибилитет и ќе престанат да постојат голем дел од нив бидејќи навистина ќе биде спротивно, многу спротивно од она коешто всушност го видовте, еве од конкретната анкета од вчера која ја споменавте. Но за тоа не сакам да навлегувам во детали, сепак 15 јули е за нешто повеќе од 10-тина дена од денеска и тогаш можеби многу појасно ќе биде за ова за коешто зборуваме, рече Мицкоски.
Мицкоски, посочи дека тој се дистанцира од анкетите, и посветен е на суштината а суштината како што рече тој е дека народот е расположен за промени и сакаат промени.
Затоа се обидов да се дистанцирам од анкети и да се фокусирам на суштината, а суштината е дека народот е расположен за промена и сака промена. Таа промена чувствувам дека има големи очекувања, навистина им е преку глава од сите овие порази кои што им се случуваат, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.